Германците од утре ја враќаат марката
Целта на кампањата е Германците да се вратат на поранешната валута, на марката, а се верува дека околу 6 милијарди марки има ширум земјата.
Стари укинати валути ретко се враќаат на пазарот, освен ако политичарите не одлучат поинаку.
Сепак, се чини дека во Германија владее голема жал за марката, така што еден синџир супермаркети одлучи овој месец да прима и од поранешните книжни и ковани пари.
Уште од времето кога еврото беше воведено во 2002 година, германските десничарски политичари повикуваат на враќање на марката. На кратко, супермаркетот ќе им ги исполни нивните соништа.
Овој потег, супермаркетот Кауфланд го оправдува со фактот дека владее голема носталгија за старите времиња, а со тоа и носталгијата кон валутата марка е многу силна.
Од 4 јануари до крајот на месецов секој кој ќе пазари во тоа место ќе биде во можност да плаќа со старата валута, ќе може да ги потроши старите марки по курс од 1,95 марки за евро.
Како носталгијата би била уште поголема, супермаркетот реши многу од производите, да бидат спакувани како тие од времето на Западна Германија во 60-тите години.
Целта на кампањата е Германците да се вратат на поранешната валута, на марката, а се верува дека околу 6 милијарди марки има ширум земјата.
Ново на Сител
-

Ѓуретановиќ го има вториот настап на ЕП на 400 метри слободно
-

Две жени загинаа во поплави и одрон во Шпанија, повредени и две бебиња
-

Се помали надежите за преживеани по земјотресот во Колумбија, бројот на жртви е околу 300
-

Рама: Протестите покажуваат нормална европска Албанија
-

Сончево време со мала до умерена локална облачност
-

Земјотрес со магнитуда од 6,9 повторно ја погоди Индонезија, втор силен потрес во еден ден
-

ПФЛ: Победи за Силекс и Шкендија Арачиново
-

Хју Хефнер го пријавувал Епстин во ФБИ уште во 2005 година
