Германци заинтересирани да инвестираат во Росоман
Германски инвеститори се заинтересирани за отворање капацитет за производство на апарати за домаќинство во халата на поранешната фабрика за конзервирана храна во Росоман, информираат од општина Росоман.
При денешната посета на Росоман германските инвеститори, придружувани од министерот за странски инвестиции Бил Павлески, ги разгледувале можностите за инвестирање.
- Заинтересирани се за помалиот дел од поранешната фабрика за конзервирана храна, за халата од 3.000 квадратни метри, каде би произведувале апарати за домаќинство. Би вработиле неколку стотици работници, изјави Ѓорѓи Крстевски, портпарол на општина Росоман.
Поголемиот дел од поранешната фабрика, посочи, е веќе продаден на скопска фирма. - Таа ќе преработува земјоделски производи, веќе ја вклучи електричната енeргија и ги ангажира првите работници, а официјално стартува со работа најверојатно од септември, информира Крстевски.
Росоманско, оцени општинскиот портпарол, станува актуелно за инвестирање со оглед на местоположбата, сообраќајната поврзаност и многу други предности кои ги нуди за инвеститорите.
Ново на Сител
-
НАСА го одложи враќањето на астронаутите од МВС до крајот на март
-
Уапсен 30 годишен кумановец баран со потерница
-
Вечерва е заслуг, а утре Свети Никола, најчестата македонска слава
-
Во Брисел средба на премиерот Мицкоски со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Калас
-
Правобранителот на Украина против мобилизација на 18-годишни момчиња
-
Обвинение за злоупотреба на службената положба во јавно претпријатие во Битола
-
Фрлил пакетче дрога од автомобил, уапсен 38-годишник
-
Уапсени четири лица од Радовиш кои краделе во продажни објекти