ГЕРБ и „Продолжуваме со промената” седнуваат на преговарачка маса
Лидерот на партијата ГЕРБ, која доби најмногу гласови на парламентарните избори во Бугарија, Бојко Борисов најави дека во вторник ќе се разговара со „Продолжуваме со промената” на Кирил Петков и Асен Василев.
Дописникот на МИА од Софија јави дека, според Борисов, нова бугарска влада нема да се формира ниту со првиот ниту со вториот мандат. Борисов, сепак, гледа можност тоа да се случи со третиот мандат. Тој смета дека е потребно да се разговара и со претседателот на Бугарија, какви било опции, за трет мандат и да има влада. Борисов додаде дека не може да му каже на претседателот Румен Радев која партија е погодна, туку едноставно егото мора да исчезне, како што исчезнало кај него.
Затоа тој ги избегнувал овие средби за да не ги испровоцира, а тие треба да се одржат кај претседателот. И таму сите треба да кажат дека се обврзуваат со своите пратеници да постапат на таков начин за да отидат во Народното собрание и да гласаат во името на бугарскиот народ.
Кирил Петков потврди дека средбата меѓу „Продолжуваме со промената” и ГЕРБ не била за поддршка на спроведувањето на нивниот мандат за формирање нова бугарска влада. Тој беше дециден дека ќе има експерти за дијалог за политики за кои ќе бидат подготвени да ги поддржат и дека ќе бидат конструктивна опозиција.
Ново на Сител
-
Што ако најубавите нешта во животот веќе ги имате, но не ги гледате?
-
На големот христијански празник Богојавление, Светиот крст ќе биде положен во водите на Радика, досега пријавени над 100 верници
-
Исчезната 71 годишна велешанка
-
Мицкоски: И Апелација докажа дека СДСМ е лажно клеветничка партија, одбиена жалбата на СДСМ
-
Во Грција едно од двете седишта на европската програма за безбедни сателитска телекомуникации GOVSATCOM
-
Против лицата кои го малтретираа кучето Феликс, поднесено е обвинение
-
Собранието ја констатираше оставката на Илире Даути
-
Спасовски: Единствениот одговорен во Собранието е Африм Гаши