Герасимовски: Проверени 30 градилишта во Центар, изречени 24 казни од 1 300 до 1 800 евра

Општина Центар спроведува интензивни инспекциски контроли на градилиштата низ целата локална самоуправа. Во изминатиот период извршени се надзори на 30 градилишта, при што се изречени 24 казни за различни прекршувања, меѓу кои незаконско зафаќање јавни површини со градежен материјал и валкани гуми. Санкциите се движат од 1.300 до 1.800 евра, се вели во соопштението од Општина Центар, што МИА го објавува интегрално.
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски порача дека локалната самоуправа ќе реагира на секое нарушување на јавниот простор и безбедноста на граѓаните.
„Континуирано спроведуваме надзор на активните градилишта во општината. Сите што ги прекршуваат прописите и го узурпираат јавниот простор ќе се соочат со соодветни мерки. Наша цел е да обезбедиме уредена средина за граѓани,“ рече Герасимовски.
Од Општина Центар додаваат дека редовните контроли се дел од пошироката заложба за спречување бесправна градба и заштита на заедничкиот простор.
МИА
Ново на Сител
-

231 км/ч e најголемата брзина регистрирана од камерите на „Безбеден град“
-

Царина и АХВ потпишаа нов Меморандум за соработка – заеднички против сите обиди за криминал со храна, безбедноста приоритет
-

Во гајба за леб пронајдена кафеава прашкаста материја во „Затвор - Идризово“
-

Одбраната на поранешните градоначалници на Кочани, Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
-

Две лица со закана со остар предмет одзеле пари од малолетничка и го нападнале нејзиниот другар
-

Бактерија откриена во мусаката во Димо Хаџи Димов”, АХВ изрече казни
-

Грчките земјоделци повторно го затворија граничниот премин Евзони, можни блокади и на Ники (Меџитлија)
-

Кривична за поранешен градоначалник на Струмица и пет лица за злоупотреба на постапка за јавна набавка за електрични автобуси
