Герасимовски: Проектот „Нега за стари лица“ со силна поддршка, возрасните да се пријавуваат за услугата
Услугата „Нега за стари лица во домашни услови“ е најдобриот проект кој е наменет за граѓаните во поодминати години, оценуваат пензионерите од Општина Центар. Горан Герасимовски, градоначалникот на општината, заедно со претставници од граѓанската организација „Хуманост“, посетија дел од корисниците на услугата, им доделија скромни подароци, а за возврат добија високо позитивни оценки за проектот.
„Со проектот ги опфаќаме највозрасните лица од нашата општина кои навистина имаат потреба од туѓа помош, односно нега од трети лица. Оваа услуга во моментов ја користат 77 граѓани постари од 60 години, но има можност за зголемување до 90 корисници. Проектот годинава го проширивме и наместо два дена по два часа во неделата бесплатна медицинска нега за корисниците, ќе има три пати по три часа. Во проектот покрај медицинската нега од сертифициран негувател, медицинска сестра, физиотерапевт и социјален работник, граѓаните ќе може да користат и административна помош од мобилни тимови од општината“, изјави Герасимовски.
Општина Центар секоја година го надградува проектот со цел да опфати повеќе лица и да понуди поголема помош за корисниците на овие услуги. Во општината има и возрасно население кое нема друг начин да ги добива овие услуги но ги користи благодарение на општинската.
Герасимовски смета дека овој проект е позитивен и корисен и како таков им е потребен на сите возрасни граѓани во сите општини. Тој се надева дека услугата ќе биде препознаена и од другите општини кои ќе го пресликаат во корист на своите родители, баби и дедовци.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар