Герасимовски: Контејнерите преполни со ѓубре, Град Скопје не исчисти ниту викендов
Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека Општина Центар сабајлево повторно се соочила со смет на улиците кои се во надлежност на Град Скопје. И ова утро, вели тој, жителите на Центар се соочија со истата грда слика од минатата недела, Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска го немаат исчистено ѓубрето од центарските улици кадешто имаат надлежност.
Герасимовски потенцира дека сметот е отстранет од страна на општинските служби.
- Во непосредна близина кај училиштето „Коле Неделковски“ е жална сликата секој понеделник и вторник да се случува истото, децата и родителите да прерипуваат преку ѓубрето за да стигнат до училиштето. Сметот не е отстранет низ неколку локации во Центар. Сабајлево, сметот е отстранет од страна на нашите служби. Постојано ги повикуваме Комунална хигиена, одговорот е недоволен број на вработени и стара дотрајана механизација која е делумно расипана. Ова не е оправдување, многу одамна градоначалничката Арсовска не учествува ни на состаноците на ЗЕЛС, на скопски плански регион каде што треба да се разговара на овие теми, да се решаваат проблемите на жителите не само на Општина Центар, туку на ниво на Град Скопје“, истакнал Герасимовски во утринската емисија „Ја сакам Македонија” на телевизија Сител
Тој посочил дека на овие состаноци има многу за што да се разговара и да се предложи, но за жал на тие состаноци не присуствува ниту член од Град Скопје, ниту градоначалничката, ниту пак дополнително се праќа некоја замена која ќе ги ислуша сите градоначалници со што се се' соочуваат и што се препорачува за да се решаваат проблемите.
- И мене не ми е јасно и затоа се екипиравме. Нашите вработени со целосна механизација што ја имаме за да ја завршиме нивната работа. Не ми целта да ги префрламе ингеренциите, односно цело време да се правдаме, туку си ги засукавме ракавите и ги решаваме проблемите кои и они не можат да ги решат, рекол Герасимовски.
Тој потенцирал дека неколку пати имаат побарано да се размисли за преземање на ингеренциите на јавното претпријатие Комунална хигиена.
- Кога ние, со нашиот број на вработени и со оваа механизација успеваме делумно, не целосно да го решаваме проблемот, јас сум сигурен дека доколку ни се дадат поголеми ингеренции, поголема механизација и поголем број на вработени хигиената ќе биде на доста повисоко ниво, изјавил Герасимовски.
Минатата недела, Општина Центар започна голема акција за чистење под слоганот „Центар не чека, центар чисти“ кадешто секој ден, во две смени се чистат улиците од смет откако Град Скопје тоа не го прави соодветно.
Ново на Сител
-
Роналдо: Не сум јас виновен што сум најпознат и најпопуларен, бројките не лажат
-
Карлсен го повика претседателот на ФИДЕ да поднесе оставка
-
Мексико: Уапсен злогласниот „Ел Рики“ – вториот човек на картелот Норсете
-
Средба на министерот Тошковски со норвешката амбасадор Кристин Мелсом
-
Сиљановска-Давкова ќе учествува на одбележувањето на 153-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев
-
Продолжуваат земјотресите во близина на Санторини - се проценува дека грчкиот остров го напуштиле над 5.000 лица
-
Кина воведува реципрочни царини за јаглен и течен природен гас од САД
-
На Попова Шапка утрово -8, во Скопје -2, а во Гевгелија 5 степени