Герасимовски: Централата на училиштето „Киро Глигоров“ веќе носи пониски сметки, во 2026 нови фотоволтаици и во „Гоце Делчев“ и „Коле Неделковски“

Општинското трговско друштво Енергија–Центар во 2025 година оствари значајни резултати во производството на електрична енергија од обновливи извори. Во употреба е пуштена фотонапонската централа на ООУ „Киро Глигоров“, со инсталирана моќност од 396 киловати и генераторска сила од 384 киловати. Централата веќе овозможува пониски сметки за електрична енергија и беше високо оценета од европски стручни лица како проект изведен според највисоки технички стандарди, информира Општина Центар.
Градоначалникот на Општина Центар потенцира дека стратешките цели за 2026 година се поставување фотонапонски централи на ООУ „Гоце Делчев“ и ООУ „Коле Неделковски“ за кои веќе има готови проекти.
- „Енергија–Центар“ веќе покажа дека може да испорача резултати, а сега продолжуваме со јасен план и подготвени проекти. За наредната година планираме кадровско екипирање и самостојно работење на претпријатието, изјави Герасимовски.

Тој посочи дека се подготвени и проекти за поставување фотоволтаици за училиштето „Гоце Делчев“ и катната гаража „Судска палата“, додека проектот за ООУ „11 Октомври“ е подготвен и чека решавање на имотно-правните прашања.
Годинава, како што рече, целосно е завршена постапката за јавни набавки за изработка на основни проекти за сите преостанати основни училишта и катни гаражи од програмата, што отвара пат за конкретни чекори за нивна реализација
- Централите врз детските градинки ќе се реализираат поединечно, во зависност од обезбедени грантови, посебно од изведбите на школите и катните гаражи, прецизира Герасимовски.
МИА
Ново на Сител
-

Институциите го зајакнуваат системот за интегритет, практичната примена останува предизвик
-

Тема на денот со Благојче Атанасовски, аналитичар
-

Нов апарат за дијагноза на остеопороза во Мајчин дом
-

Прилеп доби Центар за менаџирање на дебелина
-

Ленче Ристоска си поднесе оставка
-

Претседател на бугарско здружение опфатен во акција за лов на педофили
-

Нови сведоштва за насилството на Стојанче Јовановски кон сопругата
-

Големите пекарници ветуваат: Засега нема поскапување на лебот
