Герапетритис: Новиот политички и државен врв на Северна Македонија систематски го прекршува Договорот од Преспа
Ставот дека „државниот врв на Северна Македонија систематски го прекршува Договорот од Преспа“, го изрази министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис во писмената изјава за денешното издание на весникот „То Вима“ по повод завршувањето на НАТО Самитот, велејќи дека на состанокот на Алијансата била спомената и потребата да се почитува Договорот, јави дописничката на МИА од Атина.
Шрефот на грчката дипломатија посочи дека „Грција претставува столб на стабилноста во поширокиот регион на источниот Медитеран, имајќи го значително надградено својот дипломатски капитал благодарение на принципиелната надворешна политика што ја спроведува“.
-Грчката страна го истакна прашањето за посветеноста на сите членки на НАТО кон меѓународното право и меѓународните договори, што ја претставуваат основата на глобалната безбедносна архитектура. Посебно осврнување имаше на должното верно почитување на Договорот од Преспа, чиешто јадро систематски го прекршува новото политичко и државно раководство на Северна Македонија, вели Герапетритис во писмената изјава за весникот.
Паралелно истакна дека на јубилејната конференција на НАТО „беше изразено убедување дека Северноатлантската алијанса изврши важна работа за стабилноста и просперитетот, придонесувајќи за безбедноста и мирот во светот“, став, кој според него го делат не само членките на Алијансата, туку и претставниците на Европската унија.
Герапетритис утре, во Министерството за надворешни работи на Грција ќе ги информира лидерите и претставниците на политичките партии што се дел од Парламентот за темите поврзани со надворешната политика.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Meџити официјално е кандидат за Чаир, од ВРЕДИ ниту денеска не потврдија каде живее
-
Тема на денот со Бујар Османи
-
ВРЕДИ одлучи за првите кандидати
-
Совет за безбедност: Безбедноста е стабилна, пожарите под контрола, остануваме посветени на реформската агенда
-
Што одлучи Советот за безбедност?
-
Трамп ја преполови царината за Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ со свој кандидат за градоначалник и во Кичево - во тимот на Орце Ѓорѓиевски влезе и Ралев