Георгиевски освои бронза на „Гран при 2022“ во Рим
Најдобриот македонски таеквондист Дејан Георгиевски се закити со бронзен медал на престижниот „Гран при 2022“ во Рим, искачувајќи се на победничкиот пиедестал на најсилно рангираниот турнир во олимписко таеквондо по олимписките игри и светските првенства.
Актуелниот олимписки вицешампион
Георгиевски во дуелот за пласман во финалето по неизвесна борба беше поразен од олимпискиот првак Сисе од Брегот на Слоновата коска, но го освои првиот Гран при медал во историјата на македонското таеквондо.
Георгиевски сега го очекува настап на Медитеранските игри во Алжир, по што во септември ќе настапи на Гран при турнирот во Париз, како дел од подготовките за Олимписките игри 2024 во француската престолнина.
Ново на Сител
-
НАТО го поздрави мировниот договор меѓу Ерменија и Азербејџан
-
Сирија одбива да учествува на состаноците со курдските сили во Париз
-
Иран го поддржа мировниот договор меѓу Азербејџан и Ерменија
-
Кабел со кој се крадела електрична енергија предизвикал пожар на куќа и бандера во Чаир
-
Пожар во автобус на ЈСП - во него немало патници
-
Исчезна 16-годишно девојче во Струмица
-
Опожарено возило во Скопје, нема повредени
-
18-годишник тешко повреден по тепачка во Чаир