Георгиевски: Гарантирани откупни цени за земјоделците, помали казни за фирмите
Претседателот на ВМРО-НП и носител на кандидатската листа за пратеници во изборната единица 4 на Коалицијата „ВМРО за Македонија“ Љубчо Георгиевски денеска од Струмица порача дека ќе предложат мерки за подобрување на состојбата на земјоделците.
- Земјоделските субвенци ги воведе нашата влада во периодот 1998-2002. Правевме и активни откупи на секој производ кој ќе дојдеше во криза. Како резултат на тоа имавме неповторливи цени на производи. Пред 15 години цената на житото беше 13 денари, денес е 7 денари, цената на млекото беше 25 денари, денес 15-17 денари. Пиперките пред 15 години се продаваа по 30 денари, а денес одвај 12-13 денари. Во таа насока продолжиме и ќе воведеме загарантирани минимални откупни цени, рече Георгиевски.
Влезот на Македонија во ЕУ и во НАТО ќе значи и најмалку двојно зголемување на висината на субвенциите кои ќе доаѓаат од Брисел, како и зголемување на конкурентноста на македоснкиот земјоделски производ на отворените европски пазари, смета Георгиевски.
- Во делот на нашите економски политики планираме да ја смениме праксата ДДВ да се плаќа на испорачана фактура, напротив тогаш кога фактурата ќе биде исплатена. Автомобилите ќе бидат ослободени од ДДВ, под услов ако станат дел од основните средства на фирмите што мислам дека ќе е од корист за многу фирми и граѓани. Казните ќе бидат драстично намалени, како што беа во време на нашите 4 години, рече Георгиевски. Најави воведување на можноста за предвременото пензионирање до 5 години без разлика дали стажот сака да го откупи поединец или фирма со што од Коалицијата ВМРО за Македонија очекуваат да ослободат повеќе илјади работни места.
Ново на Сител
-
Портокалов метео аларм во Шпанија, повторно се очекуваат обилни дождови
-
Протест пред обвинителството во Нови Сад: Граѓаните бараат ослободување на активистите
-
Во Италија вратена и втората група мигранти од кампот Ѓадр во Албанија, но и дел од вработените
-
Муцунски: На седумте амбасадори им завршува мандатот, во моментов течат консултации и наскоро ќе почне процес на именување нови амбасадори
-
Мерц: Избори во февруари e добро решение
-
Дарио Ивановски е спортист на годината, награди и за легендарните Хаџиевски и Радиќ
-
Маж избодел две девојчиња и двајца мажи, случајни минувачи во Урошевац
-
Кина: Возач намерно удри со автомобилот во толпа, загинаа 35 лица