-->
-->
Георгиески: Законот за дивоградби не важи за бесправно изградените објекти во Охридскиот регион
-->
Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески по повод вчера усвоениот Закон за легализирање дивоградби појасни дека станува збор за правен акт со кој се уредува правниот статус на бесправно изградени објекти, но истиот не важи за спорни објекти во рамки на Охридскиот регион.
Според Георгиески, Законот не ги опфаќа дивоградбите кои го нарушуваат природното и културното наследство запишано во Списокот на светското природно и културно наследство, како и дивоизградени станбени згради и дивоизградени доградби и надградби на станбени згради.
Георгиески на својот официјален фејсбук-профил најави дека Општина Охрид продолжува со активностите за отстранување на бесправните објекти од крајбрежјето на Охридското Езеро согласно препораките на УНЕСКО.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пуштен првиот од петте заглавени базени
-
Општина Аеродром ќе добие мултимедијален центар со кино сала за околу 250 посетители
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Добро се справуваме со пожарите
-
Инсекти тврдокрилци се преносители на пожарите на Серта
-
ДУИ: Бројот на советници во општините да се врати на старо
-
Нов мултифункционален центар во Аеродром
-
Нов базен во Кисела Вода