-->
-->
Генгамп прв полуфиналист во францускиот куп
-->

Екипата на Гингамп е првиот полуфиналист во фудбалскиот куп на Франција.
Во првиот натпревар од четвртфиналето, составот на Генгамп очекувано со 1:0 забележа победа над аматерскиот тим на Фрежу Сен Рафаел кој се натпревраува во петата по ранг лига во Франција.
Стрелец на единствениот гол беше Александер Ненди во 50.минута од натпреварот.
Вечерва се игра уште еден натпревар во кој Монако ќе биде домаќин на Лил.
Потсетување дека Монако пред три дена беше поразен од ПСЖ во финалето од Лига купот.
А, парижаните кои пак се бранители на трофејот и во ова натпреварување, утревечер ќе му гостува кај третолигашот Авранш.
Последниот четвртфинален пар во Купот на франција го сочинуваат Анже – Бордо.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Димитар Димески, историчар
-

Преглед на вестите од светот
-

Од историското наследство до денешните предизвици одбележан 23 Октомври
-

Доделена државната награда „23 Октомври“
-

Цените на енергенсите растат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања
-

Вакцинацијата со БСЖ за новороденчиња против туберкулоза ќе продолжи за 10-тина дена
-

До 2028 треба да се реконструира сала „Македонија“ во Прилеп, за Универзална сала ќе се прави елаборат за статиката
-

Од идеја до незавосност - Охрид го одбележува 23 Октомври
