Бизнис
4. January 2018 - 14:23

Генералните директори за три дена заработија годишна работничка плата

На крајот од првите три работни денови во новата година, секој генерален директор во Велика Британија ќе заработи во просек онолку пари колку што обичниот британски работник ќе оствари приход за цела 2018 година, покажува денешниот извештај на британскиот Центар за високи заработки и Чартерд Институтот за кадри и развој.

Иако јазот во надоместоците за работа очигледно е предлабок, тој сепак е помал во однос на претходната година, се наведува во студијата, изработена по растечкото политичко незадоволство и револтот на инвеститорите во Велика Британија поради пренапумпаните директорски плати.

- Системот оваа година ќе функционира малку подобро. Според нашата пресметка, просечен генерален директор треба да работи 32 часа наместо претходните 28 часа за да ја заработи годишна плата на просечниот работник, изјави Стефан Штерн, директор на Центарот за високи плати, непрофитна тинк-тенк организација.

Велика Британија работници

Во анализата се тргнало од претпоставката дека раководителите работат по цел ден.

Во последните неколку години во Велика Британија е забележано незадоволство на инвеститорите поради нивото на платите кои се исплаќаат на највисоките раководители во некои компании што котираат на Лондонската берза, меѓу кои се и медиумската куќа „Скај“ и издавачката компанија „Пирсон“.

Другите фирми, за да избегнат протести ги прилагодувале платните пакети за највисокиот менаџмент, намалувајќи го износот на нивните основни плати или други бенефиции.

Велика Британија менаџери

Покрај притисокот од акционерите, и британската премиерка Тереза Меј за време на изборната кампања изјавуваше дека цел на нејзината Влада ќе биде борбата против нееднаквоста во британското општество.

Две години подоцна, според анализата, Меј се уште е на почетокот и допрва треба да донесе некаков закон кој ќе ги ограничи платите на раководителите.

- Се уште има преголеми и неоправдани јазови меѓу заработките на раководните врхушки и останатата работна сила, наведе Стерн во соопштението.

Велика Британија работници

Најновите пресметки се направени врз основа на претходни наоди на овие две организации, според кои, заработките на директорите на британските компании кои влегуваат во состав на референтниот индекс на Лондонската берза ФТСЕ 100, паднале за петина во 2016 година на 4,5 милиони фунти (5,4 милиони долари) годишно.

Статистиката покажува дека висината на платите на извршните директоре во однос на примањата на работниците изнесува 120 спрема 1.

Тоа е далеку понизок содонос од САД, каде извршните директори на компаниите од составот на берзанскиот индекс S&P 500 заработиле во просек 13,1 милион долари, што претставува однос од 347 спрема 1, покажуваат податоци на синдикатот АФЛ-ЦИО.