Генералите Величковски и Боцев: Македонија и Бугарија ќе ја зајакнат соработката во областа на военото образование

Едукација на воено медицински кадар, соработка во воената обука на специјалните сили, соработка во военото воздухопловство и противвоздушна одбрана, користење на ремонтните заводи на Република Бугарија биле дел од темите на разговор меѓу началникот на Генералштабот (НГШ) на АРМ на Македонија генерал потполковник Методија Величковски и НГШ на Вооружените Сили на Бугарија, генерал-потполковник Андреј Боцев во Софија.
Делегацијата на АРМ предводена од НГШ Величковски е во официјална работна посета на Генералштабот и Mинистерството за одбрана на Република Бугарија.
На средбата помеѓу началниците на генералштабовите се разговарало и за меѓусебната воена соработка, пред се за зајакнување на постоечката соработка во областа на военото образование, и можна соработка на полето на аквизицијата. Од страна на генералот Величковски биле претставени капацитетите и можностите за изведување заедничка обука на армискиот полигон „Криволак“.
Генералите Величковски и Боцев изразиле увереност дека добрата меѓусебна соработка во полето на одбраната и добрите односи во регионот се од значење за севкупната стабилност и безбедност која уште повеќе ќе зајакне по заокружување на процесот на прием во НАТО на сите земји членки на иницијативата САД-Јадранска повелба.
Овие заложби биле повторени и за време на состанокот на делегацијата на АРМ со заменик на министерот за одбрана Анатолиј Величков при што се искажа поддршката и подготвеност за забрзување на процесите за евроатланска интеграција на Република Македонија.
Делегацијата на АРМ во текот на денот ќе оствари посета и на Воената Академија „Г.С Раковски“ каде покрај средбата со началникот на Академијата генерал мајор Груди Ангелов ќе се разгледаат можностите за понатамошно продолжување на школувања на припадници на АРМ во оваа военообразовна институција.
Во текот на утрешниот ден делегацијата ќе го посети и воениот центар за симулации „Чаралица“.
Досегашната соработка помеѓу АРМ со ВС на Бугарија е изразена преку школување на македонските старешини на високите воени школи, различни курсеви и обуки и соработка помеѓу единиците на воена полиција и специјалните единици.
Ново на Сител
-

Уапсено лице од беровско, пронајдени се дрога, оружје, муниција и полициска униформа | ФОТО
-

ВМРО-ДПМНЕ: Денешниот ден не потсетува на нашата обврска достојно да го чуваме и негуваме македонскиот јазик
-

Расположението во Русија се врти против Путин
-

Вучиќ: Можно е наскоро да поднесам оставка
-

Ивановски: По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје
-

Сиљановска-Давкова: Кирил и Методиј го изградија темелот на духовниот и културниот идентитет на словенските народи, меѓу кои и на македонскиот
-

Мицкоски ќе се обрати на свечената академија „Од слово до вечност“ во Охрид
-

Трамп тврди дека мировниот договор со Иран е речиси договорен, Техеран демантира дел од изјавите
