Бизнис
3. јуни 2022 - 13:32

Генерален штрајк во јавниот сектор доколку не се исполнат барањата до 21-ви јуни

ССМ донесе одлука за повикување на генерален штрајк во јавниот сектор доколку не се исполнат нивните барања до 21.06. Тие побараа:

-Потпишување на колективен договор со кој ќе се утврди линерлното зголемување на платите од 2806 денари за сите работници во јавниот сектор и враќање на изгубеното право регрес од 2023 година во износ од 30 до 100% од просечната плата во државата.

„Доколку ова не се случи до 21.06 на 22.06 јуни Сојузот на синдикати на Македонија ќе ги повика сите работници како членови и сите останати незадоволни работници да ги прекинат нивните работни процеси на своите работни места и да изразат големо незадоволство или како што велиме ние да направиме генералешн шрајк“, изјави Дарко Димовски – претседател на ССМ.

Ново на Сител