Генерален штрајк на Управата за матични книги
Управата за водење на матични книги од утрово е недостапна за граѓаните. Генералниот штрајк кој вчера беше најавен од страна на Независниот синдикат на Управата за матични книги, започна денеска околу 8 часот.
Претседателот на Независниот синдикат на Управата за водење на матични книги, Тони Милошески за МИА изјави дека сите подрачни одделенија се во штрајк и дека се уште не добиле понуда за средба.
-Сите подрачни единици се во штрајк, може да има некои исклучоци, мислам дека Куманово, некои од волонтерите работат, но сигурно под притисок од управата, значи 90 проценти од Управата е во штрајк, појасни Милошески.
Додаде дека засега луѓето кои доаѓаат имаат разбирање за штрајкот.
-Знаат луѓето дека штрајкуваме, не се бунат, а им треба да завршаат работа, има некои луѓе што треба да патуваат, но не можат да излезат од од државата без документите кои ние треба да им ги дадеме, потенцира Милошески.
Рече дека излегувањето на улица не е опција, но дека ќе штрајкуваат се додека не се одговори на нивните барања.
Независниот синдикат бара колективен договор на ниво на работодавач, линерано покачување на платите и унапредување на работните позиции.
Ново на Сител
-
Масовната урбанизација го менува ликот на Охрид
-
Штипјани во хумана акција за прибирање 70 000 евра за лекување на медицинската сестра Сибил Омерова
-
Преглед на вестите од светот
-
Анализа: Криза во Уставен ако во понеделник не се избере наследник на Кацарска
-
Тема на денот Моника Зајкова. претседателката на ЛДП
-
ОЈО го достави обвинението до Кривичниот Суд за убиството на Вања и Панче
-
Пропадна 6-тиот обид за изборот за претседател на Уставен
-
Избори во СДСМ