Генерал Познахир: Русија подготвена на соработка со САД за сириската криза
Русија е подготвена да ја продолжи соработката со САД за надминување на сириската криза, вчеравечер информира руското Министерство за одбрана, откако Вашингтон се закани дека ќе ја замрзне соработката со Москва, јави ТАСС.
-По телефонскиот разговор меѓу рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавровј и американскиот државен секретар, Џон Кери, Министерството за одбрана и Министерството за надворешни работи на Русија, по налог на претседателот Владимир Путин, се подготвени да ја продолжат заедничката работа со нашите американски партнери за сирискиот проблем, на брифинг во Москва изјави првиот заменик началник на Главната оперативна управа на Генералштабот на руските Вооружени сили, генерал-потполковник Виктор Познихир, цитиран од ТАСС.
Тој прецизираше дека во најскоро време се предвидува во Женева да се испратат руски експерти за обновување на консултациите со американската страна со цел да се најдат патишта за нормализирање на ситуацијата во регионот на Алепо и во Сирија во целина.
Според генерал Познихир, терористите подготвуваат провокации со користење на хемиско оружје во Алепо, со цел за тоа да се обвинат сириските владини сили.
Ново на Сител
-
Матични лекари не пропишуваат од новите лекови на Позитивната листа поради технички проблеми
-
Нова компресорска станица за хирургија на Клинички идната година
-
Таравари: Премногу се драматизира со бранителите
-
Вработените во JCП повторно останаа без плата – Најави за блокади на раскрсници во Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Се виде дека промената на Уставот не го решава проблемот со Бугарија
-
Левица: Предложивме Закон за огрaничување на кириите
-
Таравари: Ќе се трудиме да ставиме повеќе лекови на позитивната листа