„Генерацијата З“ пие сѐ помалку алкохол
„Генерацијата З“ е поздравена како „трезно-љубопитно“ поколение, со стапки на ризични однесувања (алкохол, секс, дрога) – на историски ниско ниво. Во таа насока, некои нешта особено влијаат на младите мажи да го намалат алкохолот.
Имено, според ново истражување, помалку „З“ момчиња (родени меѓу 1996. и 2012 година) пријавиле прекумерно пиење во последните месеци на 2021., ’22. и ’23 година, отколку нивните врснички. Наодите го кренаа алармот за прекумерното пиење кај жените. Но, поподробно разгледување покажува дека тоа затворање на половиот јаз е поттикнато исто толку, ако не и повеќе – од падот на стапката на препивање кај мажите, особено кај младите возрасни мажи. Тој јаз меѓу стапките на пиење кај мажите и жените се намалува последниве неколку десетлетија, но сега првпат жените ги надминаа мажите. Истражувањето е објавено во април 2025., во списанието „ЈАМА“.
Значи, зошто момчињата денес пијат помалку?
Интернистот од Универзитетот во Питсбург, САД, д-р Брајант Шуј ги гледа опаѓачките стапки на прекумерно пиење кај младите мажи како „успех во јавното здравје“, пред сѐ. Но, и според него, сѐ тоа не е така едноставно.
– Дали младите се среќни, социјално поврзани, па затоа пијат помалку; или средовечните и младите мажи се поосамени, помалку социјални и понеподготвени да повикаат пријател на пијачка!? Можеби вистината тука е „некаде на редина“: И помалку алкохол и повеќе осаменост, па треба да размислуваме за решавање на двете појави, појасни лекарот.
Според досегашните научни објаснувања, ги забележале и подредиле причините. Тука се спомнуваат: Внимавањето на младите луѓе околу своето здравје, просперитетната индустрија за задоволување на таа побарувачка, „епидемијата“ на осаменост што ја спомна и Шуи, зголемување на стапката на млади луѓе кои избираат канабис наместо алкохол, како и често претпочитаната дружба преку паметен телефон наместо во кафуле. Неодамнешно истражување спроведено во Холандија, посочува уште една, многу поедноставна причина: Немањето пари (а трошоците сѐ повеќе растат).
Следната графика ги прикажува стапките во периодот 2017. – ’19. споредени со 2021. – ’23 година.
И интернет-предизвиците како „трезниот јануари“ или „трезно-љубопитни“ инспирирале многу млади луѓе да не пијат, според Брендан Сахо – спортски новинар и водител на емисијата „Ментал гејм“ (The Mental Game).
– И, штом ќе видат дека нивниот личен живот е подобар, и нивното физичко здравје е подобро и дека „никому не му е грижа дали пиеш или не“, тогаш претставувањето на трезен живот станува многу полесно. Тоа сега не е некој предизвик, како што ќе беше пред 10 или 15 години, кога не си „кул“ ако не пиеш!, вели Сахо.
На тоа, велат познавачите, влијаат и новите медиуми и начини на општење, каде што влијателни водители итн. со својот пример се застапуваат против пиењето. Џо Роган, Тео Вон и Ендрју Хуберман, на пр. – сите се откажале од пиењето и отворено говорат за тоа. А, и сите имаат огромен број следачи и обожаватели.
Според написот, ова јавно отворено говорење за трезноста и нејзините благотворности, ѝ дава сигурно чувство на заедница и ги охрабрува луѓето, вклучително и младите мажи – да пијат помалку – или пак, воопшто да не пијат алкохол.
Ново на Сител
-
Приведен 45-годишник од Дебар, управувал возило под дејство на алкохол и бил пронајден пиштол
-
Кривична против вработен во ЈП „Национални шуми“, го оштетил претпријатието за повеќе од 500.000 денари
-
БиХ: МНР бара од Додик да го врати дипломатскиот пасош
-
Спречен обид за криумчарење 4.577 парчиња небезбедни лекови на ГП „Богородица“
-
Полска: Експлозија на неидентификуван објект во близина на границата со Украина
-
Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“
-
„Јасен“ се уште гори, се работи на нов противпожарен појас за локализирање на пожарот
-
САД го прошируваат списокот на производи од челик и алуминиум со високи царини, автоиндустријата реагира