Гелова Стојанова: Анѓушев демонстрира беззаконие
Дали знаете колкав имот поседува вицепремиерот тендераш и мултимилионер Кочо Анѓушев и дали крие дел од својот имот од јавноста и зошто го прави тоа? Ова се прашањата кои се наметнуваат од информациите објавени во медиумите. Дали Анѓушев има фирми во странство кои не ги пријавил во анкетниот лист и зошто не ги пријавил?
Медиумите објавија дека Анѓушев поседува фирма во соседна Србија, за производство на жичани производи, синџири и опруги, под името „Brako Wire Products“ која не можеле да ја најдат во анкетниот лист на Анѓушев.
Јавноста се прашува уште колку фирми низ светот поседува Кочо Анѓушев, кои не се пријавени во неговиот анкетен лист.
Што крие Анѓушев од јавноста и зошто не ја навел фирмата во Србија во својот анкетен лист како дел од имотот што го поседува.
Јавноста веќе виде како работи Кочо Анѓушев. Јавноста е сведок на криминалот кој го прави власта со цел да му се овозможи милионски профити на Анѓушев.
Кога е Анѓушев во прашање законите не играат некоја важна улога. Законите беа прекршени во случајот хидроелектрани „Тополка“. Првото прекршување се случи кога владата спротивно на Изборниот законик изврши пренамена на земјоделско земјиште во градежно со цел фирмите на Анѓушев да можат да добијат одобрение за градба. Потоа, според информации во медиумите, фирмите на Анѓушев, отпочнаа градба на електраните без одобрението за градба да стане правосилно.
Да почитувани граѓани законите не се важни кога е во прашање профитот на мултимилионерот Анѓушев.
Тоа го видоа граѓаните и од личното признание на Анѓушев, дека тој одлучил дали ќе ги добие или не неговата фирма „Фероинвест“ тендерите од ЕЛЕМ. Со тоа јавно призна дека има судир на интереси и дека тој е одлучувачкиот фактор и во двете страни од договорот.
Анѓушев демонстрира целосно беззаконие. Анѓушев се однесува како државата и законите да не важат за него.
Граѓаните го гледаат овој хаос создаден од СДС и ќе го казнат ваквиот однос на СДС на претстојните локални избори на 15-ти октомври.
Соња Гелова Стојанова од ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Кумановец чувал елени во штала без одобрение и дозвола - Следува кривична пријава
-
Захарова: НАТО се обидува да ја претвори Молдавија во центар за снабдување на Украина со оружје
-
Сопственикот и архитектот на хотелот во Турција кој се урна во земјотресот осудени на 18 години затвор
-
Во несреќата на азербејџанскиот авион во Казахстан загинаа 38 лица
-
Не застанал на полициско предупредување па удрил во полицаец - Уапсен 48 годишен скопјанец
-
Екипите на ДПИ на терен, се вршат контроли на цените на производите
-
Укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патот Кичево - Гостивар, преку Стража
-
Спасовски: Обраќањето на Сиљановска Давкова не понуди визија за иднината на државата