Гецај: Законот за „Трепча“ го подготвивме сами, во консултации со меѓународната заедница

Законот за „Трепча“ е ексклузивен продукт на институциите на Република Косово, изјави Бајрам Гецај, советник на косовскиот премиер Иса Мустафа.
Коментирајќи ја изјавата на српскиот премиер Александар Вучиќ дека се сомнева дека странците му помогнале на Косово околу донесувањето на законот, Гецај за „Епоха е ре“ изјави дека законот во целина е изготвен од домашни експерти.
Сепак, тој признал дека постојано имале консултации со меѓународната заедница.
Вчера Вучиќ ги обвини меѓународните преставници дека „занемеле“ пред проблемот кој се појавил по усвојувањето на Законот за „Трепча“ од страна на косовскиот парламент.
- Не можам да сфатам зошто тие неочекувано почнаа со Трепча. Која е целта? Можеби некој посакува дестабилизација? Јас не верувам дека Албанците можеле да го сторат тоа без помош од некој друг и тоа ни најмалку не е пријатно. Пред овој проблем целата меѓународна заедница „занеме“, оцени Вучиќ.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Никола Мемов, директор на ПИОМ
-

Последици од поплавите во о.Чешиново-Облешево
-

Дали снегот и годинава ќе ги изненади институциите?
-

СДСМ: Фирма со 2 вработени добила 9 милиони евра државни тендери за 6 месеци
-

ВМРО ДПМНЕ обвинува за криминал
-

Илир Демири од алијансата на Села ќе делува како независен пратеник
-

Пензионерите поделени околу протестот пред Уставниот суд
