„Газпром“ се очекува денеска да одговори на барањето на бугарската техничка Влада
„Газпром“ се очекува да и одговори на Бугарија дали ќе се вратат на преговарачката маса, а според министерот за енергетика, Румен Христов, тоа треба да се случи најдоцна денеска.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, на крајот на минатата недела техничката влада и официјално стапила во контакт со руската компанија за обнова на испораките на гас во рамките на постојниот договор, што истекува на 31 декември. Целта на евентуалните преговори е „Газпром“ да го врати снабдувањето со природен гас за Бугарија во рамките на овој договор. Бугарското министерство ќе инсистира на промена на начинот на плаќање, како и продолжување на испораките до крајот на грејната сезона.
Претседателот на Бугарија Румен Радев денеска ќе разговара со претставниците на двете грчки компании „Гастраде“ и „Копелузос груп“ на кои ќе се разговара за можностите за зголемување на испораките на гас што Бугарија ќе ги увезува преку терминалот за течен гас во градот Александрополис. На средбата ќе присуствуваат техничкиот премиер Галаб Донев, министерот за енергетика Румен Христов, како и шефовите на двете бугарски компании за трговија со гас „Булгаргаз“ и „Булгартрансгаз“.
Бугарија, на овој начин, сака да ги интензивира разговорите за зголемување на испораките од терминалот Александропулис. Граѓанското здружение „Боец“ за вечерва организира протест пред зградата на претседателската администрација во Софија против евентуалното продолжување на преговорите меѓу Бугарија и руската компанија „Газпром“. Тие ќе бараат оставка од техничкиот министер за енергетика Румен Христов. Здружението „Боец“ бара Бугарија не само да не ги продолжи преговорите со „Газпром“ според стариот договор, туку и да не потпишува нови долгорочни договори со Русија.
Ново на Сител
-
Земјотрес на подрачјето Тетово - Гостивар со интензитет од три степени
-
Поради голема бучава одзедемени „Ламборџини“, „Ауди“ и „БМВ“
-
Физичка пресметка меѓу две лица пред казино на Бит Пазар
-
Маж од штипско со остар предмет ги нападнал својата сопруга и нејзините мајка, татко и брат
-
Поради екстремната жештина во Португалија за една недела умреа речиси 300 лица
-
Жена обвинета откако мало дете е пронајдено во куфер во Нов Зеланд
-
Сообраќајка на магистралниот пат Гостивар - Кичево, учествувале еден мотоцикл и три автомобили
-
Мицкоски: Ќе има мерки за училишната кошничка, се анализираат модели за цените во маркетите