Газпром ги доби од Турција првите дозволи за „Турски поток“
Рускиот гасен гигант „Газпром“ ги доби, по дипломатски пат, првите дозволи од турските власти за започнување со работата на „Турски поток“, откако годинава беше решено проектот за госоводот да биде обновен, јави ТАСС, повикувајќи се на соопштение на фирмата.
По разговорот меѓу раководителот на „Газпром“ Алексеј Милер и турскиот министер за енергетика и природни ресурси Берат Албајрак во Истанбул, минатата недела беше постигнат договор за брзо завршување на неопходните подготвители процедури за почетокот на проектот.
- Започнувањето на издавање на дозволи е одлична вест за „Газпром“, истакна Милер.
Според неговите зборови, овој чекор на Турција ја покажува заинтересираност на турската Влада за проектот „Турски поток“ и сведочи за преминување кон практична реализација.
Откако Русија се откажа од спроведувањето на проектот „Јужен поток“, поради барањата на ЕУ гасоводот да одговара на таканаречениот трет енергетски пакет, беше решено да се гради „Турски поток“. Последователно преговорите за проектот беа запрени, вклучително и поради кризата во односите со Турција.
Проектот предвидува изградба на гасовод преку Црното Море до европските делови на Турција и потоа кон границата со Грција.
Должината на морскиот дел е околу 910 километри, а на копнениот, на територијата на Турција, 180 километри.
Моќноста на секоја од четирите цевки на гасоводот се предвидува да биде 15,75 милијарди кубни метри.
Вкупната вредност на проектот изнесува 11,4 милијарди евра.
Ново на Сител
-
Сочувство од архиепископот Стефан за упокојувањето на папата Франциск
-
Ал Гор ја спореди администрацијата на Трамп со нацистичка Германија
-
Рано утринава се запали возило „фолксваген пасат“ на подрачјето на Бит Пазар
-
Телото на папата утре ќе биде преместено во базиликата Свети Петар
-
ТАВ Македонија доби сертификат Great Place To Work
-
РКЕ: Не се менуваат цените на бензините и на дизелот
-
ДУИ: Додека се караат во ВРЕДИ институциите ја деградираат употребата на албанскиот јазик
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги брани бугарските позиции