Газета: Трајковски ни приреди катастрофа, збогум Мундијал
– Италијанските медиуми не можат да го преболат поразот од македонската фудбалска селекција, која вечерва во Палермо го совлада актуелниот европски шампион со 1:0 и се избори за финале во плејофот за пласман на Светското првенство.
– Збогум Мундијал, збогум Евро, збогум сè. Опсада цел натпревар која се покажа бескорисна, а во 47. минута од вториот дел, кога сите сега чекаат продолженија, по уште еден натпревар во кој веќе не знаеме да победиме, топка до Трајковски, екс фудбалерот на Палермо, и неверојатен удар од над дваесет метри. Совладан Донарума, а Италија на колена. Катастрофа. Италија – Македонија 0-1. Авантурата заврши, Италија ја нема, играта на Манчини веќе не постои, а можеби ќе се спасат Бастони, Верати, малку Флоренци и Распадори. Останатите не. Имобиле и Инсиње, лош Манчини, лош Барела, Жоргињо многу далеку од тоа што беше. Заслужуваме да останеме надвор од Светското првенство. Македонија оди во разигрување со Португалија. Се вративме во апокалипсата. За жал, малку, но не е доволно, пишува „Газета“.
Во финалето „црвено-жолтите“ ќе играат против Португалија исто така на гостински терен.
Ново на Сител
-
Бројот на заболени од грип во Струмица годинава речиси двојно поголем во споредба со истиот период лани
-
Намаленото ниво на езерото ги загрижи еколозите
-
Дрвокрадство во Прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Зошто храната е скапа?
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни