„Газета експрес“: Постигнат договор за демаркација на границата меѓу Косово и Црна Гора

Премиерите на Косово и на Црна Гора, Рамуш Харадинај и Душко Марковиќ постигнаа договор околу демаркацијата на границата меѓу двете земји, тврди приштинскиот весник „Газета експрес“.
Повикувајќи се на извори од Кабинетот на Марковиќ, онлајн изданието на весникот наведува дека за време на средбите на црногорскиот премиер во Приштина со косовскиот државен врв, бил „изнајден заеднички јазик за прашањето на границата“.
Весникот екслузивно дознава дека Приштина и Подгорица се согласиле во наредните денови да започнат интензивна комуникација од која ќе произлезе решение.
- Двете високи делегации се согласија да имаат интензивна комуникација следните денови на сите нивоа и да видат каде се направени евентуални грешки. Потоа ќе биде отворен патот за ратификација на новиот договор по итна постапка. Се ќе биде завршено до крајот на месецов, наведува весникот.
Ратификацијата на договорот за обележување на косовско-црногрската граница е услов за добивање визна либерализација за Косово.
Постоечкиот Договор го ратификуваше црногорскиот Парлмент, но не и косовскиот, поради противење на дел од партиите, кои тврдат дека Косово со него губи дел од своја територија во полза на Црна Гора.
Црногорските високи функцонери, меѓу кои и Марковиќ, претходно изјавуваа дека за Подгорица демаркацијата на границата е завршена работа.
Ново на Сител
-

Почнаа меѓукоалициските консултации за смени во Владата
-

ВМРО-ДПМНЕ: Познат доктор и поранешен градоначалник го одбил Филипче
-

Опозицијата ѝ понуди помош на Владата по корупцискиот скандал во Платежната агенција
-

Судењето за пожарот во Кочани почнува во среда, надлежните ветуваат ефикасност
-

Ѓорѓиевски: Затвореници на платен список во Комунална, истрагата да се прошири и во Град Скопје
-

ДКСК ги отфрли сите изборни предмети
-

Токсиколозите со предупредување - во сезоната на печурки внимавајте какви плодови собирате!
-

Се бара решение за 550 вработени во „Лукоил Македонија“
