Бизнис
6. November 2017 - 21:00

Газдите имаат помалку од два месеци да исплатат к-15

Работодавачите имаат рок уште два месеци  на  работници  да им исплатат К-15 . Но досега колку од нив ја исполниле обврската од ССМ сеуште немаат официјлани податоци, првични бројки ќе имаат дури на почетокто од следната година. Од министерството за труд пак се прогласија за ненадлежни бидејчи ова прашање е регулирано со колективен договор. Единствено од бизнис конфедерацијата на работодавачи посочија дека има фирми кои  исплатиле уште во јули , но дека и годинава не изостануваат злоупотребите на  колективниот договор.

- Не е етички на работникот да му се исплатат 100 денари. Во тој случај работодавачот предизвикува незадоволство кај работниците , а наша работа е да вложуваме во нив, рече  Миле Бошков- претседател на  бизнис конфедерација на работодавачи

Бошков потенцира дека има доста вработени кои знаат дека нивните газди го кршат правилникот но се плашат да пријават за да не ја изгубат работата.

- Жално е што има компании кои можат да исплатат к 15 но сепак не го прават тоа заради лични интереси, рече Бошков

Годинава со  зголемувањето на  минималецот од 10 080 на 12 илјади денари  се зголемува и износот на к15. Така минималниот износ на регресот би бил 9.164 денари 40 отсто од пресметаната просечна плата во август од 22.912 денари.

Обврска за исплата на к15 имаат сите работодавачи од приватниот сектор. Оние кои нема да го исплатат освен со парична ќе се соочат и со казна затвор.