Гастрономски фестивал ИЦЕ2017 во Скопје
Во винаријата Камник во Скопје денеска беше отворен Гастрономскиот фестивал ИЦЕ2017 (Innovative Culinary Experience) што ќе овозможи да се запознаат шест интернационални кујни, во шест посебни мастер клас обуки и гала вечер, презентирано од шест мастер шефови, шест шефови и шест млади готвачи.
Идејата за овој настан е на шеф Марк Де Јонг, а неговата цел е мастер шефови да дојдат во Македонија да ја почувствуваат традицијата и културата преку изворни кулинарски рецепти од земјава, како и да се разменат искуства и нови иновативни техники од кулинарството. Настанот е поддржан од здружението Macedonian Multiethnic Culinary Chefs - ММЦЦ.
На фестивалот присуствуваат мастер шефовите Ралф Менегини, Стефан Пјер, Родриго Дуранд, Ердем Дирбали, заедно со членовите на професионалната организација на готвачи-ММЦЦ, шефовите Дејан Карапеев, Бобан Симоновски, Зоран Мајновски, Зоран Андоновски, Никола Мишковски и Марк Де Јонг.
Во слободно време учесниците на првиот гастрономски фестивал во Македонија и поширокиот регион ќе имаат можност да се запознаат со убавините на земјава, но и да ја пробаат македонската храна.
Ново на Сител
-
Алиу: Патот Призрен - Тетово го помага развојот на туризмот
-
Украинската ПВО соборила 14 руски дронови, а руската армија соборила 29 украински беспилотни летала
-
Членовите на „СпејсИкс“ се вратија на Земјата
-
Вулин: Не треба да влеземе во ЕУ ако цената е признавањето на Косово
-
Град Скопје: Нов зелен појас на кејот на Вардар
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС да се погледне во огледало за сите предавства што ги направи на македонскиот народ
-
Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да преговара со Бугарија
-
Валандовец запалил возило на сограѓанин