Гастрономска конференција „Food talk Macedonia“

Под мотото „Размислувај глобално, јади локално, забавувај се регионално“, во ресторанот „Кањон Матка“ денеска ќе се одржи првата гастрономска конференција „Food talk Macedonia“.
Ќе учествуваат експерти од оваа област, готвачи, сопственици на ресторани, винарии, гастро-блогери, а ќе има и гости од регионот.
Предвидени се неколку панел дискусии на различни теми - „Месо? ГМО? Глутен? Пестициди? Холестерол? Лактоза? Хормони? Што да јадам?“, „Што да се јаде за да бидеме убави и здрави“, „Храната на интернет“,..., меѓу кои и панел-дискусиите „Приготвуваме и живците ги негуваме“ со учество на познати личности кои сакаат да готват (Адријана Алачки, Есма Реџепова, Весна Петрушевска, Елена Петреска, Јоце Панов и Зоран Џорлев), како и т.н. Гастро-дипломатија на која гости од амбасадите ќе дегустираат храна подготвена од нивните гастро-шефови.
Присутните ќе уживаат во големиот број македонски специјалитети, а презентирани ќе бидат и правилата за дегустирање вина.
Како што најавуваат организаторите „Колор Прес-група“, специјален гостин на конференцијата ќе биде познатиот водител Оливер Млакар кој треба да ги открие „малите тајни на големите мајстори“ на кујната.
„Food talk“ конференции досега се организирани во Заечар и Нови Сад.
Ново на Сител
-

Поскапуваат бензините и дизелот
-

Од 24.000 на 34.000 денари поскапува полагањето за возачка дозвола од Б категорија
-

Кремљ се надева на уште една средба Путин - Трамп
-

И го искршил черепот, ја исекол на делови и трупот го закопал во двор, детали за убиството во Штип
-

Германија ќе ги укине ограничувањата за оружје за Израел додека примирјето се одржува
-

Тепачка помеѓу навивачи по кошаркарски натпревар во Куманово
-

Малолетници разгледувале воздушна пушка, едниот повреден при случајно пукање
-

Гаши: Граѓаните на 11 јануари масовно да излезат на гласање во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа
