Бизнис
6. November 2018 - 19:30

Гасификацијата на Скопје привршува,првите приклучоци се очекуваат следната грејна сезона

Гасификацискиот прстен околу Скопје е при крај. За домаќинствата полесно да се поврзат на системот Регулаторна предлага трошоците за приклучок да бидат пониски од реалните. Остатокот да го покријат општините или Град Скопје.

Комисијата предлага и компанијата дистрибутер да им помогне на граѓаните во менувањето на апаратите за домаќинство.

Според пресметките на регулаторот употребата  на гас во идина нема да биде поисплаткиво од огревното дрво, но ќе помогне за прочистување на воздухот. 

Приклучувањето ќе оди брзо, особено во деловите на Скопје каде градбите се плански. Првите приклучени домаќинства можат да се очекуваат веќе од наредната грејна сезона.