Гашиќ: Таткото ги сопрел убијците откако ја усмртиле Данка и ги прашал дали виделе дете, му рекле не
Министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ на прес-конференција ги соопшти деталите за убиството на двегосишната Данка Илиќ од Србија
Мајката Ивана Илиќ пристигнала од Бор во 13 часот и 10 минути, децата биле во дворот. Таа во тој момент ги фотографирала и сликата му ја испратила на сопругот. Синот и побарал вода, отишла да му даде и во тој момент Данка исчезнала.
„Ја следевме форензиката на телефонот, неговите движења, притоа споредувајќи ги сите можни лица кои поминаа тука“, рече министерот.
Осомничените дента биле излезени на интервенција во моментот кога ја удриле малата Данка. нејзиното тело го ставиле на задното седиште над алатот и се договориле да го фрлат некаде телото. Што и го сториле на блиската депонија. На местото каде го фрлиле девојчето се задржале неполна минута, по што заминале.
Она што министерот го кажа на прес конференцијата е дека при барањето на Данка дури и таткото ги застанал осомничените и ги прашувал дали виделе дете.
„Таткото ги запре и праша дали го виделе девојчето, тие рекоа не“, изјави министерот Гашиќ
Ново на Сител
-
Македонска гордост
-
Преглед на вести од светот
-
Младите веќе не заминуваат само поради пари, туку пред се поради немање пристојни услови за градење иднина
-
Орбан нуди посредство за преговори со Софија, одлуката на Брисел ја оцени како историска грешка
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Средношколци во Сител за Денот на медиумите
-
Средба Мицкоски - Орбан во Охрид
-
Kој е виновен што Mакедонија не напредува кон ЕУ – партиите си разменија обвинувања