Гаши: Парламентарното мнозинство е стабилно, но можно е да се зголеми

Парламентарното мнозинство е стабилно, но можно е да се зголеми и да биде над 70 пратеници, изјави денеска претседателот на Собранието Африм Гаши на прес-конференција по повод една година од овој парламентарен состав. Се чисти сцената, додаде тој, и се знае како ќе продолжи со работа Собранието.
-Можно и да се зголеми. Зборуваме за над 70 пратеници... Во оваа ситуација зборуваме за околу две третини во Собранието, рече Гаши нагласувајќи дека за нив е што поважно што поголем број пратеници да се приклучат на искрената заложба за зголемување на животниот стандард да се реализира.
Гаши посочи дека Собранието ќе го ратификува договорот за стратешко партнерство со Велика Британија што подразбира инвестиции од шест милијарди со конкретни проекти.
-На повидок е успешна година која очекуваме дека ќе влијае на сите граѓани, рече Гаши.
Во однос на уставните измени, го повтори ставот дека е потребна предвидливост на процесот за да бидеме сигурни дека тој нема да биде билатерализиран. Гаши кажа дека на сите средби надвор од државата и со странски претставници се бара поддршка за да нема повторна блокада за нашиот почеток на преговори со ЕУ.
Претседателот на Собранието на прес-конференцијата најави закон за прогласување безбедносна зона околу Собранието, чијшто драфт бил поделен на координаторите на пратеничките групи на последната средба. -Собранието да има свој двор и сопствен паркинг, рече Гаши објаснувајќи дека земјиштето околку парламентарната зграда, којшто бил во приватна сопственост, со законот да може да се откупи и да стане државна сопственост. Притоа тој не кажа колку средства ќе бидат потребни за оваа намена и дали тоа ќе биде покриено од Буџетот на Собранието или не.
Во однос на законот за правичната застапеност, Гаши кажа дека се уште е во подготовка.
Негов приоритет, како претседател на Собранието во изминатата година, било остварување на законодавната функција, преку редовно свикување на седници, воспоставување праведни и правични практики, вклучувајќи го и спречувањето на злоупотребата на ЕУ- знамето, како и координацијата и развојот на конструктивен дијалог со пратениците и институционалните актери со цел постигнување консензус во донесувањето одлуки.
-Собранието како дом за сите не е само слоган, туку реална заложба со конкретни чекори, рече Гаши.
По повод една година од овој парламентарен состав Кабинетот на претседателот подготви извештај кој што може да се погледне на веб страната на Собранието.
Ново на Сител
-

Расте понудата, но расте и цената – апсурдите на пазарот на недвижности
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд
-

Пратениците пешки, со автобус или два часа порано на работа поради блокадите на ССМ
-

Мицкоски гледа политичка заднина во протестите на ССМ
-

Транспаренси: Македонија без напредок во корупцијата, критики за неуспешни реформи во правосудството
-

Ќе се чешлаат сите лиценцирани фирми за канабис, премиерот очекува заплена и до 100 тони
-

Мицкоски: Има политичка волја за правосуден и на други јазици
-

Вештак од Словенија открил низа пропусти во лекувањето онколошки пациенти во Македонија
