Гаши им ја врати Анкетнатa за Кочани на СДСМ и Левица

Собранискиот спикер Гаши ќе ја врати иницијативата на СДСМ и Левица за Анкетна комисија која ќе ги испитува околностите за трагедијата во Кочани. Гаши утврдил дека во предлогот доставен од опозицијата стои во оваа Анкетна комисија мнозинството да го има опозицијата. Во членот 3 од иницијативата стои дека Анкетната комисија треба да има 4 члена од редот на СДСМ, 4 ДУИ, 1 Левица, ВМРО-ДПМНЕ - 3, Вреди - 2 и ЗНАМ -1.
Гаши се повикува на членот 124 од Деловникот на Собранието дека работните тела и анкетните комисии имаат состав пропорционален на составот на парламентот.
- Тоа значи дека мнозинството треба да го има власта, а претседателот да е од редот на опозицијата. И таа е вратена на доработката - информираше Гаши на брифингот.
Предлогот за Анкетна комисија беше поднесен минатата недела од 20 пратеници на СДСМ и Левица. Власта прифати ваква Анкетна комисија, но рече дека ќе ја прошири надлежноста со останатите трагедии: пожарот на модуларната болница и автобуските несреќи Беса транс и Дурмо турс.
Предлагачите имаат 15 дена да го направат доуредувањето, ако не ќе се смета дека не е поднесена.
Ново на Сител
-

Земјоделците (не)задоволни од новите построги правила за субвенции
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Владата избра 9 нови амбасадори
-

Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење за четворица кандидати за државен јавен обвинител
-

Вонреден инспекциски надзор во Правда, бараа објаснување за полагање на правосудниот испит
-

Уставен пред комплетирање - се чека изборот на нови судии за одлука за Законот за јазици
-

Протест на ССМ пред Владата
-

СДСМ обвинува дека Мицкоски го користел владиниот авион приватно, Владата демантира
