Гарванлиев пред вечерашниот настап на Евровизија: Два часа плачев од среќа и убава енергија

-Утрово се разбудив во шест со необична и убава енергија. Се исплакав до осум часот, ја пуштив убавата енергија која дојде, да помине низ мене. Плачев од среќа и убава енергија. Тоа е чувство што не можам да го опишам, рече Васил Гарванлиев утрово во изјава за ММС пред да ги почне подготовките за вечерашниот настап, на првата полуфинална вечер на Изборот за песна на Евровизија, што се одржува во Ротердам, Холандија.
Васил вчера ја имаше последната генерална проба, односно вчера вечерта се снимаше целата прва полуфинална вечер и ќе биде користена како снимка, доколку, не дај боже, некој од учесниците покаже позитивен резултат на тестот од Ковид-19.
На настапот Васил вчера блеснал и добил голем аплауз. Жири комисијата од цела Европа врз основа на вчерашниот настап ги дала своите гласови, а за вечер останува да се види што ќе каже публиката.
-Презадоволен сум од мојот настап. Цела сцена е исполнета со љубов и енергија. На крајот од настапот ќе светне изгрејсонце на сцена. Има специјален ефект, изгрева сонцето зад мене. Па и главната порака на целиот настап е темнината ја претвараме во светлина и шириме љубов, вели за ММС Васил и додава:
-После сите турбуленции низ кои поминав не ми е важно ништо, самото нешто што стасав до Ротердам е успех и имаме прекрасни коментари. Подготвен сум да пеам за сите нас. Добивам пораки од новинари што ме гледале на Јутјуб и не очекувале дека толку ќе се допрени од мојата енергија. Најважно ми е да допрам до луѓето, вели Васил.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
-

Почнаа меѓукоалициските консултации за смени во Владата
-

ВМРО-ДПМНЕ: Познат доктор и поранешен градоначалник го одбил Филипче
-

Опозицијата ѝ понуди помош на Владата по корупцискиот скандал во Платежната агенција
-

Судењето за пожарот во Кочани почнува во среда, надлежните ветуваат ефикасност
-

Ѓорѓиевски: Затвореници на платен список во Комунална, истрагата да се прошири и во Град Скопје
-

ДКСК ги отфрли сите изборни предмети
-

Токсиколозите со предупредување - во сезоната на печурки внимавајте какви плодови собирате!
