Гарванлиев: Бугарски пасош имам 20 години но со душа чекам да вибрирам во црвено-жолта боја на сцената
„Јас сум Васил Гарванлиев, роден во Струмица, Македонија, во 1984 година. Во ’97-ма, мојата фамилија одлучи да се преселиме заедно во Чикаго, каде што живеевме неколку години. Нѐ депортираа од Чикаго и кога се вративме, јас бев малолетен, фамилијата одлучи да направи неколку чекори за безбедност и за иднина за сите нас. Мојата баба, мајка на татко ми, е родена во село Игралиште надвор од Петрич, кое ни овозможи да добиеме бугарски пасоши, кој го имам веќе 20-тина години. Закон е дека во нашата држава Македонија двојно државјанство е дозволено“, објаснува нашиот евровизиски претставник во видео обраќањето кое денеска го објави на Фејсбук, а по повод реакциите како за бугарските бои во спотот за песната, така и за интервјуто кое деновиве стана актуелно на социјалните мрежи, за кое вели дека е старо повеќе од една година.
Гарванлиев објаснува дека живеел и застанал на светските сцени во низа европски и американски престолнини, како Торонто, Чикаго, Милано, Лондон, Париз, Амстердам, Цирих, Њујорк… Сепак, вели, за него е најважно и најмногу е горд на тоа што во првата реченица од неговата биографија, пишува:
Вели дека честа да се биде претставник на Евровизија е огромна и со душа чека да ги претставува боите на земјава:
„Честа, желбата, одговорноста, да бидеш претставник на олимпијадата за пеење Евровизија, е огромна. Ја прифатив со отворено срце, зошто знам каква е таа одговорност и знам што можам. И со душа чекам да застанам на таа сцена и искрено да вибрирам во црвено-жолта боја“.
Како што објаснува Васил во видеото, поради критиките од минатата година дека во спотот нема доволно Македонија, оваа година се обидел, и е посебно горд на тоа, да вклучи што повеќе Македонци во проектот. Токму затоа спотот се снимал во Даут-пашиниот амам, со цел да се прикажат сите тие дела на македонските уметници.
Гарванлиев потенцира дека во моментот „кога дознал дека луѓе се погодени и грешка е сфатено тоа дело во музејот“, веднаш преземал чекор и побарал спотот да се реобјави без „тие“ кадри. Во обраќањето, сепак, тој се извинува ако некој повредил со она што, како што вели, ненамерно го направил, но исто така порача и дека нема да се извини за тоа кој е, како и дека критиките ќе го направат посилен.
За крај, ве оставам со превод на рефренот на нашата македонска песна годинава:
‘Сите ќе пробаат да те скршат и соборат, без да знаат дека тоа те прави посилен да го постигнеш и продолжиш на патот на успехот. Еве ме пред вас, без глума, со срушени ѕидови на моето срце во вашите раце. Ви благодарам’ “, порача нашиот евровизиски претставник.
Ново на Сител
-
Тешко повреден полицаец откако во него удрило патничко возило
-
Прегазен пешак во Охрид
-
ДИК ги утврди изгледот и содржината на гласачкото ливче
-
Кашиковски: Ако не биде исплатена августовската плата, од понеделник вработените во „Флораком“ и „Луна“ повторно на протест
-
Ристески: До крајот на годината ќе бидат изречени првите казни за компаниите кои не го почитувале Законот за нефер трговски практики
-
Се прават подготовки за пуштање на топловодната мрежа за грејната сезона
-
Зголемени водостоите на езерата и реките
-
За викендот стабилно време, со ниски утрински температури