„Гардијан“: На британските болници им се заканува недостиг од заштитна опрема
Залихите на заштитни одела се при крај во болниците низ Велика Британија и тие би можеле да останат без нив до крајот на денот или викендот, објави „Гардијан“.
Националната здравствена служба (НХС) им испраќа препорака да продолжат да работат со заразените во пластични престилки.
Препораката на НХС, за која јави Гардијан, е во целосна спротивност со досегашните регулативи, во кои се вели дека медицинскиот персонал не треба да им пристапува на пациенти и заразени лица без да носи непропусна заштитна облека што го покрива целото тело, специјални заштитни маски и очила.
Сепак, извори за весникот велат дека залихите на заштитна облека се при крај и ситуацијата е толку лоша што медицинските лица без опрема би можеле да останат најдоцна овој викенд.
Затоа, им се советува да користат пластични престилки кои не можат да заштитат ни одблизу како комплетно заштитна облека.
Ова може да доведе до нов бран зараза кај медицинскиот персонал кои лекуваат заразени од Ковид-19 и се стравува дека некои од нив може да одбијат да работат заради тој ризик.
Околу 55.000 заштитни одела се очекува да пристигнат денеска во британските болници, што е мала утеха бидејќи дневните потреби се речиси трипати поголеми.
Министерството за здравство се обидува да нарача дополнителни количини од сите страни, наведува Гардијан, додавајќи дека министерот за здравство Мет Хенкок на своето редовно јавно обраќање во претходните денови значително го намалил овој проблем.
Во Велика Британија, околу 50 лекари, медицински сестри и персонал за поддршка досега починаа од Ковид-19.
Д-р Роб Харвуд, претседател на советодавниот комитет на британското медицинско здружение, изјави за Гардијан дека со новите упатства од вработените, всушност, се бара свесно да го ризикуваат своето здравје, па дури и животот, лекувајќи ги другите.
„Ова не е одлука што треба да ја донесе медицинско лице во болница“, вели тој.
Ново на Сител
-
19-годишен возач прегази малолетен пешак во тетовско
-
Таткото и мајката на детето кое изврши убиства во ОУ „Владислав Рибникар“ осудени на 14,5 и на три години затвор
-
Пад на индустриското производство
-
Таравари го оцени јавниот здравствен систем со осумка, вели се дава максимум и се добиваат квалитетни услуги
-
Од успехот на Новогодишната кошница ќе зависат Велигденската и Рамазанската кошница
-
Просечната камата на кредитите на годишно ниво во ноември е 5,36%, а на депозитите 2,12%
-
ДПИ ќе провери дали е постапено по заклучоците за случајот со приредбата во училиштето во Челопек, најави Јаневска
-
Осум лица осомничени за злоупотреби при јавна набавка во Дирекцијата за ТИРЗ