ГАК: Годинава направени 56 медикаментозни абортуси во прв триместар и 37 медикаментозни абортуси во втор триместар од бременоста
Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство соопшти дека годинава направени се 56 медикаментозни абортуси во прв триместар и 37 медикаментозни абортуси во втор триместар од бременоста, а во 2020 година се направени 34 медикаментозни абортуси во прв триместар на бременост и осум медикаментозни абортуси од 12 до 22 гестациска недела.
Медикаментозен абортус може да се направи до 22 гестациска недела од бременоста и на Клиниката почнал да се применува од октомври 2020 година. Од Клиниката нагласуваат дека според досегашните искуства во изминатиот период, имаат голема успешност со примена на методата.
После 22 гестациска недела, прекин на бременост преку медикаментозен абортус (со лекови) може да се направи само со одобрение на комисија при Клиниката. Медикаментите за прекин на бременост, таблетките „мифепристон“ и „мизопростол“ се обезбедени од Министерството за здравство. Овој вид на абортус го симплифицира целиот процес затоа што не се изведува со хируршки инструменти, туку со таблети кои жената ги прима по препорака на гинеколог. Според СЗО, медикаментозниот абортус е препорачан како безбеден со мал процент на полесни компликации, информираат од Клиниката.
Од Клиниката истакнуваат дека по завршениот абортус, пациентките добиваат совет за контрацепција и доколку се согласат, им се дава бесплатна контрацепција обезбедена од превентивната програма за здравјето на мајките, за која Министерството за здравство обезбеди буџет за набавка на лековите за медикаментозен абортус.
Во рамките на проектот, со донација од Меѓународната федерација за планирано родителство и ХЕРА, се реновира и опреми просторија на Клиниката која ќе се користи за информирање и советување на жените за медикаментозен абортус, стои во соопштението од Клиниката.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка