-->
-->
Гајтан останува во Бенфика
-->

Аргентинецот Нико Гајтан го продолжил договорот со Бенфика на уште четири години, соопшти португалскиот клуб. Гајтан во 2010 година пристигна во Лисабон од Бока Јуниорс.
„Одлуката беше брза и лесна, и двете страни се задоволни. Среќен сум во Бенфика, ова е еден од најдобрите европски клубови“, рекол Гајтан.
Во новиот договор откупната клаузула за Гајтан изнесува 45 милиони евра. Инаку, според шпекулациите, за Аргентинецот веќе неколку сезони сериозен интерес покажуа Манчестер Јунајтед.
„Среќен сум во клубот и треба да добијам навистина добра понуда за да решам да заминам. Добро играме во првенството, а добро ни оди и во Лигата на шампионите“, дополнил Гајтан.
Бенфика успеа да избори пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите, а името на противникот во нокаут фазата ќе го дознае на 14. декември.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова очекува државата да направи исчекор кон природната дестинација, ЕУ
-

Скопје одбројува до Новата година
-

Прилеп се подготвува за новогодишниот дочек
-

Новогодишна атмосфера во Струмица
-

Специјален новогодишен Дневник на Сител
-

Екс директорот на затворот во Шутка осуден на осум месеци затвор
-

Негуватели на стари лица оставени без хонорар за Нова година
-

Скопје се подготвува за дочекот на Новата година
