Гадафи го предупредил Блер за можни напади од џихадистите
Убиениот либиски лидер Моамер Гадафи пред четири години го предупредил поранешниот британски премиер Тони Блер за заканата од исламистичкиот тероризам во Европа, покажуваат телефонските разговори на двајцата политичари кои ги објави Комитетот за надворешни работи од британскиот парламент.
Гадафи, на 25 февруари 2011 година, кога во Либија веќе избиле немирите, му образложил на Блер дека се обидува да ја заштити земјата од борците на Ал Каеда, објавува британски „Телеграф“.
- Не ги напаѓаме ние нив, туку тие нас. Сакам да ви ја кажам вистината. Оваа ситуација не е така комплицирана, се е едноставно - во Северна Африка се појавија ограноци на организацијата Ал Каеда. Ограноците во Либија се слични на оние кои беа воСАД на 11 септември, нагласил тогаш Гадафи.
Тогашниот либиски лидер му рекол на Блер дека џихадистите набавиле оружје и дека им влеваат на луѓето „страв во коски“.
- Луѓето не можат да излезат од домовите, но никој не ја претставува реалната слика, тука нема странски дописници. Ги молевме сите светски репортери да дојдат и да ја видат вистината. Тоа се вооружени банди. Со нив нема договор, предупредил Гадафи.
Според неговите зборови, целта на терористите била воспоставување контрола над Средоземјето и потоа напад на Европа.
Тони Блер тогаш одговорил дека е неопходно да се пронајде мирно решение на ситуацијата.
Три недели по разговорот коалицијата на западните земји, во која беше и Велика Британија, започна со напади во Либија со цел да го симне Гадафи од власт.
Британски „Телеграф“ наведува дека Тони Блер два пати телефонски го побарал либискиот лидер, во обид да го наговори да ја напушти земјата.
Со оглед на тоа дека по соборувањето на Гадафи, Либија доживеа целосен колапс и граѓанската војна се уште трае, британскиот весник заклучува дека предупредувањата на Гадафи, изгледа, се вистинити.
Денес многу делови на Либија се под контрола на екстремистите поврзани со Исламската држава.
Претседателот на Комитетот за надворешни работи Криспин Блант изјави дека Комитетот, во рамките на истрагата за случувањата во Либија ќе го разгледа предупредувањето на Гадафи.
Според неговите зборови, сведочењата со кои Комитетот располага во овој момент говорат за тоа дека „западните политичари биле помалку делековиди од Гадафи во врска со ризиците на интервенциите, како за либискиот народ, така и за интересите на Западот“.
Ново на Сител
-
Мукаетов на конференцијата „Предизвикот на промените“ во Ровињ: „Континуираниот раст е возможен само кога целиме надвор од границите“
-
ЕУ ја одобри втората транша средства во рамките на Инструментот за реформи и раст
-
Најмалку три лица загинаа при експлозија во станбена зграда во Букурешт
-
Галески: Отворено писмо до нашата генерација и изборот пред кој седиме
-
Орбан веќе разговарал со Трамп, за денеска се очекува и разговор со Путин за нивната средба во Будимпешта
-
МВР во недела ќе користи дронови за безбедно одржување на изборите
-
ФИФА: Продадени повеќе од еден милион влезници за СП2026
-
Герасимовски: Во Центар имаме фотодокументирани 10.000 дрвја во ГИС порталот, грижата за зеленилото на највисоко ниво