Габриел: САД се заинтересирани за обединета Европа
Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел изјави дека е поспокоен по неговата минатонеделна посета на Вашингтон, бидејќи од американските претставници добил уверување оти САД се заинтересирани за опстојување на обединета Европа.
- И потпретседателот (Мајк) Пенс и мојот колега (Рекс) Толерсон во разговорите јасно ми доставија до знаење дека се заинтересирани за обединета Европа и дека го поддржуваат трансатланското партнерство во НАТО, изјави синоќа Зигмар за германската телевизија АРД.
Зигмар потенцира дека различните изјави кои доаѓаа од претставници на новата американска Администрација биле прични за вознемираност во Европа, но дека сега по средбите во Вашингтон тој е многу по спокоен кога е во прашање американско-европското партнерство.
Пред преземањето на дожноста, новиот американски претседател Доналд Трамп изјавуваше дека НАТО е „надмината институција“, како и дека и други членки на ЕУ треба да го следат примерот на Велика Британија и да ја напуштата Унијата.
Во меѓу време, Белата куќа соопшти дека Трамп имал телефонски разговор со генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, при што е договорено американскиот претседател во мај да се сретне со сојузниците од НАТО.
Трамп изразил „силна поддршка за НАТО“, но и ги повикал европските членки да инвестираат повеќе во Алијансата.
Според Белата куќа, Трамп прифатил да учествува на средбата на лидерите на НАТО, што ќе се одржи кон крајот на мај.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Филипче: Владата со цинични половина денар за килограм се фали со повисоки откупни цени на грозјето
-
Мицкоски го одби Филипче: Итроштина е декларација со црвени линиии за ЕУ
-
Политички тензии околку Рамковниот договор
-
Кога економијата беше подобра - во време на СДСМ или сега? Партиите со меѓусебни обвинувања
-
Граѓаните ќе штедат на зимница - теглите со ајвар ќе бидат преполовени
-
Температурните осцилации ќе ја намалат годинашната реколта на ориз
-
Скопската Брза помош со многу работа, но со малку кадар