Габриел побара распоредување мировници на ОН во источна Украина

Германскиот министер за надворешни работи Зигман Габриел побара во источна Украина да бидат распоредени мировници на ОН, кои ќе бидат стационирани во сите делови каде има судири, а не само долж „линијата на разграничување“ со мисија за заштита на набљудувачите на Организација за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ).
- Неопходно е да се овозможи распоредување на силна и вооружена мисија на ОН на целата територија, а не само за заштита на малата мисија на ОБСЕ долж линијата на фронтот, нагласи Габриел во Киев.
Шефот на германската дипломатија вети дека неговата земја ќе ја застапува таа идеја пред Советот за безбедност на ОН.
- Трајно примирје и повлекување на тешкото оружје се неоходни услови за распоредување на мисијата на ОН во Донбас, додаде Габриел.
Ново на Сител
-

Одобренија за нови 1030 станови, половина во Скопје
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Прв конгрес на Српската демократска лига
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од кумановско
-

Владата пресмета колку пари месечно му требаат на четиричлено семејство
-

2,1 милион евра за изведувачите за прославата за независноста - индивидуалните хонорари тајна
-

Бугарија е против квалификувано мнозинство во ЕУ
