-->
-->
Габриел: Да се продолжи мисијата на германските војници во Ирак
-->

Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел вчера побара од Парламентот да ја продолжи воената мисија за обука на Пешмергите во северниот дел на Ирак.
Тој нагласи дека повлекувањето на германските војници би претставувало ризик за избувнување на нова граѓанска војна во Ирак.
- Повлекувањето би било погрешен сигнал за вмешаните страни во судирот, како да се помириме со прифаќањето на опасноста од нова граѓанска војна, истакна Зигман.
Германскиот шеф на дипломатијата изрази надеж дека ќе биде зачувано „кревкото примирје“ и оти ќе се постигне политичко решение.
- Нова граѓанска војна во Ирак би донело невидено страдање во земјата, која веќе многу претрепе поради политичките несогласувања, посочи Габриел.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Отворени врати за идните средношколци
-

Обуки и развојни решенија вработените во јавниот сектор и малите и средни бизниси можат да добијат на ФЕИТ
-

Преглед на вестите од светот
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
