Loading Video...
Свет
20. December 2021 - 12:22
Габриел Бориќ стана најмладиот претседател на Чиле
Габриел Бориќ 35 годишниот левичар со хрватско потекло стана најмладиот претседател на Чиле, победувајќи во неизвесната трка со екстремно десничарскиот кандидат Хозе Антонио Каст.
Во неговиот победнички говор Бориќ најави дека неговата победничка валда ќе ги прошири социјалните права на населението, но и дека ќе се спротистави на рударските проекти кои ја уништуваат природата како што е случајот со Доминго вреден 2,5 милиони долари кој вклучува ископ на железо, бакар и злато во Чиле.
– Со уништување на светот, ние се уништуваме себеси. Не сакаме повеќе проекти кои ја уништуваат нашата земја, нашата заедница“, рече тој.
Бориќ официјално ќе ја преземе функцијата на 11 март следната година.
-
Бранислав Јанески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
