Г7 изрази поддршка за интензивирање на борбата против ИД

Шефовите на дипломатијата на Групата од седум индустриски најразвиени земји во светот (Г7) изразија денеска поддршка на антиџихадистичката коалиција, предводена од САД, во интензивирање и забрзување на борбата против групата Исламска држава (ИД) во Ирак и Сирија.
- Тероризмот е глобална безбедносна закана која бара меѓународна соработка и заеднички одговор, се наведува во соопштението објавено на крајот на дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на членките на Г7 во јапонскиот град Хирошима.
- Силно ја поддржуваме решителноста на глобалната коалиција за интензивирање и забрзување на кампањата против ИД во Ирак и Сирија, се наведува во заклучокот од состанокот.
Коалицијате во последно време го зголеми притисокот врз ИД, која во претходните месеци имаше значитечни територијални загуби како во Ирак, така и во Сирија.
- Како одговор на актуелното ниво на закана, работиме на акциски план на Г7 за борбата против тероризмот, кој ќе вклучува конкретни мерки за интензивирање на напорите на Г7 и на меѓународната заедница против тероризмот, соопштија министрите на Г7, додавајќи дека тој план ќе биде усвоен на Самитот на Г7, што ќе се одржи во Јапонија следниот месец.
Г7 ја сочинуваат Велика Британија, Германија, Италија, Јапонија, Канада, САД и Франција, а на состанокот во Хирошима присуствуваше и шефицата на дипломатијата на ЕУ Федерика Могрени.
Министрите исто така повикаа на нови напори за нуклеарно разоружување, објавувајќи по состанокот две соопштенија на таа тема, од кои едното под наслов „Декларација од Хирошима“, со кои ги повикуваат другите светски лидери „да го следат нивниот пат“.
Претходно, учесниците на средбата го посетија меморијалниот центар во Хирошима и приложија венци на споменикот на жртвите од атомската бомба што беше фрлена од страна на американските сили во градот во 1945 година.
Меѓу министрите беше и државниот секретар на САД, Џон Кери, кој на тој начин стана нависокиот американски претставник кој ја посетил Хирошима по Втората светска војна.
Ново на Сител
-

Земјоделските задруги клучни за подобрување на конкурентноста
-

Аграрот старее, младите се повлекуваат
-

Преглед на вестите од светот
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
-

Тема на денот со Владимир Владимиров, политички аналитичар
-

ИПР со регионално решение за кучињата скитници
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
