Г-7 ја повика Русија да ја открие програмата „Новичок“
Министрите за надворешни работи од Групата седум индустриски најразвиени земји во светот (Г-7) денеска ја повика Русија да објави детали за нејзината програма за хемиско оружје Новичок, која, според нив, послужила за труење на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал.
Тие оценија дека Новичок претставува „закана за сите“.
„Го делиме заклучокот на Велика Британија дека, од една страна, многу е веројатно дека Руската Федерација е одговорна за нападот и, од друга страна, не постои друго можно објаснување", се вели во соопштението на министрите за надворешни работи на САД, Канада, Франција, Германија, Италија, Велика Британија и Јапонија.
Според нив, одбивањето на Москва да одговори на легитимните прашања на британската влада само ја покажува нејзината одговорност.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Македонија под снег - Радост за најмладите, проблеми за возрасните
-
Македонија под снег - радост за најмладите, проблем за возрасните
-
Охрид се мобилизира
-
УХМР најавува снежни врнежи и утре
-
Панихида за Мара Бунева во Скопје
-
Секој втор граѓанин има картичка, но плаќа во кеш за нарачки по интернет
-
Две нови стамбени зони во Штип со куќи за индивидуално домување