ФЗОМ организира крводарителска акција

Крводарителска акција насловена „Фондовско срце“ се одржува денеска во Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија (ФЗОМ) по повод 15 години од неговото основање.
Директорот на ФЗОМ Сашо Стефаноски изјави дека организираат крводарителска акција за да ја покажат и нивната хумана страна и да ја стимулираат хуманоста на граѓаните на Република Македонија.
- Дарувањето крв значи спасување живот. Со нашиот личен акт целта ни е да покажеме дека сакаме да направиме се да спасуваме животи, истакна Стефаноски.
Тој посочи дека нивната обврска е да го одржуваат финансиски стабилен здравствениот сектор и да развиваат нови методи и услуги кои ќе го подобрат здравјето на нивните осигуреници, нивната одговорност во системот и хуманост т.е. правиме се за да спасиме човечки живот.
- Токму денешниот настан е во таа насока – со личен пример да покажеме каква треба да биде свеста на македонскиот граѓанин во делот на здравјето на другите наши сограѓани. Дарувањето крв значи спасување живот, а ние тоа го правиме денеска во Фондот, додаде Стефаноски.
Директорот на Фондот Орхан Рамадани рече дека Фондот е координатор на акцијата за дарување крв заедно со Министерството за информатичко општество и администрација, Собранието и Владата.
- Шеесет наши вработени во таа институција даруваат крв заедно со нас менаџерите, додаде Рамадани.
Ново на Сител
-

Истражување: Деца од 12 до 17 години жртви на сексуална експлоатација преку интернет
-

А1 Mакедонија одбележува седум години со роденденска понуда за своите корисници
-

Преглед на вестите од светот
-

Стартува изградбата на автопатот Скопје-Блаце
-

Ниту едно подрачно нема да биде затворено и ниту еден наставник во Прилеп нема да остане без работа
-

Со нов проект ќе продолжи доизградбата на затворениот базен во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Пехчево против дата центри
