-->
-->
Футсал куп УЕФА: Победа за Железарец во елитната рунда
-->
Македонскиот футсал првак Железарец ја постигна првата победа во елитната фаза од Футсал купот на УЕФА. Вечерва во рамките на групата во пескара Железарец го победи тимот на Тулпар со 6:4.
Натпреварот мина со многу пресврти. Најпрвин Железарец водеше со 2:0, но на почетокот на вториот дел Тулпар поведе со 3:2 и 4:3. Сепак во финишот нашиот шампион стигна до победата од 6.4.
На вториот дуел од групата домаќинот Пескара го победи Хале Гоик со 4:2.
Утре е слободен ден, а во 3.коло Железарец игра против Хале Гоик во сабота.
Табела: Пескара 6 бодови, Железарец 3, Тулпар 1, Хале Гоик 1.
-->
-->
-->