-->
-->
Функционерите на Алијансата за Албанците официјално депонираа оставки во Владата
-->
Функционерите на Алијансата за Албанците денеска и официјално депонираа оставки во Владата.
- Три заменици-министри и државниот секретар во Министерството за правда денеска поднесоа оставки во владината архива, а се очекува де се повлечат од своите функции и уште осум директори, што значи вкупно 12 или 13 функционери кои ќе поднесат оставка од водечки позиции, рече Елми Азири од Алијансата за Албанците за телевизијата Алсат-м.
Оставки поднесоа замениците-министри за надворешни работи, за транспорт и врски и за труд и социјална политика, Арта Точи, Ремзи Мемеди и Елми Азири, како и државниот секретар во Министерството за правда Зулфи Адили, три дена откако претседателот на партијата Зијадин Села ги повика на ваков чекор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп најави дека ќе воведе смртна казна за секое убиство во Вашингтон
-
Трендафилов: Загрижува што нема договор за зголемување на минималната плата
-
Се проширува истрагата за Епстајн: На удар „роденденската книга“
-
Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски
-
ЦУК: Вкупно 10 пожари на отворено до 18 часот, три под контрола, седум изгаснати
-
Без вода утре делови од општина Ѓорче Петров
-
Странски државјани приведени на „Табановце“, носеле бела прашкаста материја и таблети
-
Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025