ФУЕН бара да не им се негира правото на самоопределување на Македонците во Албанија
Федералниот Сојуз на Европскиот Националности (ФУЕН), организација која се залага за правата на немнозинските етнички заедници во Европа и работи под покровителство на Советот на Европа, се огласи по повод обидот етничките Македонци во Албанија да се претстават како Бугари. Во извештајот на Европскиот Парламент за напредокот на Република Албанија, на барање на бугарски пратеници беше вметната таква одредница.
"ФУЕН ја поздравува резолуцијата во која Европскиот Парламент посочува на потребата да се заштитат човековите права, малцинските права и да се воведат политики за заштита од дискриминација, при што Албанија е повикана да усвои рамковен закон з заштита на малцинствата и да ја ратификува Европската Повелба за Регионални и Малцински Јазици. Сепак, ФУЕН забележува дека македонската заедница е изоставена од пасусот во кој се пишува за регионите Преспа, Голо Брдо и Гора. Ова се региони во кои живеат Македонци, но во резолуцијата се спомнува само бугарското малцинство. Тоа е погрешен навод, со кој македонската заедница се нарекува бугарска", пишува во реакцијата на ФУЕН. Македонското здружение во Албанија Илинден е дел од ФУЕН и неговиот лидер Никола Ѓурѓај ја покрена иницијативата да се смени овој дел од резолуцијата.
Во своето соопштение, Федералниот Сојуз на Европскиот Националности вели дека стои во солидарност со својата членка Илинден и бара од Европскиот Парламент и од земјите членки на Европската Унија да се воздржат од обиди да го повлечат признавањето на одредена етничка група. ФУЕН бара да се почитува правото на сите етнички групи на свое само-определување и идентитет.
"Ги потсетуваме сите вклучени страни дека ФУЕН бара од Република Албанија да ја ратификува Европската Повелба за Малцински Јазици, чекор кој ја одложува со години, поради нејасни и неодговорни причини. Официјално да го признае постоењето на македонско малцинство на целата територија на Република Албанија. Да ги гарантира малцинските права на Македонците, особено во регионите Голо Брдо и Гора, на начин на кој се загарантирани во Мала Преспа. Да воведе образование на македонски јазик во училиштата во Голо Брдо и Гора, како и било каде во Албанија каде има значителен број на граѓани кои припаѓаат на македонското малцинство", пишува во барањата на Федералниот Сојуз на Европскиот Националности упатени до Република Албанија.
Ново на Сител
-
Барале пари за да дадат информации - Нови детали за изчезнувањето на Лидија
-
Родри ја освои Златната топка со 41 глас повеќе од Винисиус
-
Мицкоски: Се обидуваме „Рош“ да се вратат и граѓаните да добијат врвна здравствена услуга по конкурентни цени
-
Според тестирањата во прилепските градинки, секое второ дете има проблеми со говорот
-
Мицкоски: Дефинирани се цените и производите опфатени со новогодишната кошничка
-
Од утре температурите пониски за пет до седум степени
-
ПСЖ би можел да го ангажира Куртоа за да му се одмазди на Реал за Мбапе
-
Едно лице загина, 13 се повредени во напад на руски дрон врз Одеса