Фудбалски легенди на Македонија и Бугарија денеска на хуманитарен натпревар за Кочани
Хуманитарен натпревар меѓу репрезентации составени од фудбалски великани на Македонија и Бугарија ќе се одигра денеска во Варна, а целиот приход ќе биде дониран за семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани во кој загинаа 61 лице, а околу 200 беа повредени.
Хуманитарниот натпревар е во организација на бугарската Фондацијата „Национали 94“, зад која стои славната генерација на Бугарија од Светското првенство 1994 година.
Натпреварот ќе се одигра на стадионот Спартак, во Варна, со почеток во 17 часот по македонско време.
На натпреварот за Бугарија ќе настапат легендарните фудбалери предводени од Христо Стоичков, Борислав Михајлов, Емил Костадинов, Јордан Лечков, Сираков, Јорданов, Генчев, Красимир Балаков, а од помладата генерација Валери Божинов.
Македонската репрезентација ќе биде составена од фудбалери од првата репрезентативна генерација, меѓу кои великаните, Илија Најдоски, Драган Канатларовски, Тони Мицевски, Љупчо Марковски, Неџмедин Мемеди, Зоран Бошковски, Горан Пандев, Агим Ибраими, Ѓорги Христов и Артим Шаќири.
Селектор на македонската репрезентација ќе биде Ѓоко Хаџиевски, а Димитар Пенев ќе ја предводи Бугарија од клупата.
Ново на Сител
-
„Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Конрад Блејер Симон, експерт за странско мешање и манипулирање со информации
-
Ескалираат тензиите на Блискиот Исток
-
Кризен штаб поради Блискиот Исток
-
Мицкоски не сака да ја коментира истрагата за Кочани - СДСМ ќе добие одговор на изборите
-
До средината на јули ќе се комплетира листата за кандидати за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски: Има предлог термин за средба, да почекаме да се изјасни бугарската страна
-
Мицкоски: Во вториот квартал би требало да имаме извонредно висок раст на БДП