Фудбалерите се враќаат дома по историскиот успех
Вака македонските фудбалски репрезентативци ја славеа победата над актуелниот европски шампион во финалната квалификациска фаза за овогодинешното Светско првенство во Катар.
Ништо помала не беше радоста ниту меѓу фудбалските навивачи, кои веднаш откако заврши натпреварот спонтано излегоа и славеа на улици и плоштади и тоа не само во Македонија, туку и во дијаспората.
Прецизниот шут на Александар Трајковски во судиското продолжение ја донесе Македонија на чекор до првиот пласман на светско првенство. Но, сензационално е тоа што со победата Македонија ја запечати судбината на актуелниот европски шампион, Италија, и тоа на домашен терем, оставајќи ја оваа декларирана фудбалска нација втор пат по ред без пласман на Мундијалот.
Последната задача на македонските фудбалери за пласман на Светското првенство е веќе во вторник. По победата на Португалија над Турција со 3:1 конечен резултат, сега тимот на Роналдо е последниот противник што Македонија треба да го совлада за да ја оствари долго посакуваната цел. Мечот ќе се одигра во вторник во Португалија.
-
Мирјана Јовеска
Сите содржини од овој новинар
