ФТ: Скопје и Штип се градови на иднината
Два македонски градови на ранг листите на Фајненшел Тајмс за региони и градови на иднината. Штип е шести меѓу микро европските градови според стратегијата за привлекување на инвестициите.
Скопје е број еден за инвестиции меѓу малите европските градови според трокошковната ефективност.
Во извештајот кој се однесува на 2016 и 2017, тимот на Фајненшел Тајмс зел предвид критериуми како економскиот потенцијал, поврзаноста, човечкиот капитал, наклонетоста кон бизнис секторот.
Локалната власт на Штип посочува дека со изградбата на автопатот до Скопје, кон Кочани, како и патот кон Велес и изградбата на аеродром, градот ќе стане уште попривлечна дестинација за странски и домашни инвеститори.
Во однос на трошоците Скопје и Штип се на врвот на листите во чии топ десет влегуваат украински, бугарски, српски и други градови.
Во однос на стратегиите за привлекување на инвестиции, каде Штип е шести, прв е хрватскиот Иванец, а во првите десет влегуваат и микро градови од Летонија, Естонија, Ирска, Србија, Босна.
-

Филип Момировски
Сите содржини од овој новинар
